ПОТПИШАН МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА МЕЃУ ММФ И ПРЕДА ПЛУС

Мрежата на млади фармери-ММФ како грантист, учествуваше со свои претставници на завршната конференција во склоп на проектот „Подобрување на активната вклученост на македонските граѓански организации во процесот на донесување на одлуки преку зајакнување на новоосновани граѓански организации “. Проект поддржан од Европската унија, имплементиран од PREDA Plus Foundation и ASB Arbeiter-Samartier-Bund.
Завршната конференција се одржа на 28.05.2019, во ресторан Umbrella во Скопје. На конференцијата се презентираа активностите и резултатите од успешните приказни на 20 граѓански организации од програмата за мали грантови АКТИВИРАЈ. На настанот беа доделени сертификати на грантистите за учество во АКТИВИРАЈ, Програма за мали грантови. Пред самиот крај, конференцијата беше заокружена со потпишување на Меморандум за соработка.

Total Page Visits: 963 - Today Page Visits: 2
Translate »