СРЕДБА СО МЛАДИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ ВО СТРУМИЦА

Мрежата на млади фармери – ММФ во рамките на проектот: „Младите од руралните средини – релевантни учесници во процесот на донесување јавни одлуки и креирање на одржливи земјоделски политики“ финансиран од Европската Унија, преку Фондација Преда Плус во проектот: „Подобрување на активната вклученост на македонските граѓански организации во процесот на донесување на одлуки преку зајакнување на новоосновани граѓански организации” на 28.03.2018 година, во Струмица беше организирана првата средба со младите од рурални средини од струмички регион кои фамилијарно се занимаваат со земјоделство, претежно со градинарски култури. Во првиот дел од средбата беше формиран локален младински земјоделски совет составен од млади земјоделци од руралните средини и негов претставник во националниот младински земјоделски совет.
На вториот дел од средбата беа идентификувани предизвиците со кои младите од руралните средини се среќаваат во секојдневното работење, како и потребите кои ги имаат младите за да го подобрат своето работење.
Младите се соочуваат со низа предизвици кое им го отежнува развојот на производството. Лошата инфраструктура до нивите, тешко доаѓаат до информации или се закаснети информациите за програмите на земјоделството и руралниот развој.
Имаат голема потреба од размена на искуства и комуникации со други млади производители како би ги увиделе недостатоците и разликите во производството, потребни им се посети на саеми да се видат нови технологии, нови начини на производство и следење на трендовите.

Total Page Visits: 621 - Today Page Visits: 2
Translate »