ТРИБИНА НА ТЕМА: “ РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ ПРЕДИЗВИК ЗА МЛАДИТЕ?!”

Здружението Мрежа на млади фармери, с.Мешеишта, Дебарца – ММФ, во соработка со својот партнер Рурална Коалиција-РК, Куманово, во Општина Свети Николе денес одржаа трибина на тема: : “ Руралните средини предизвик за младите?!”.

Оваа трибина е во рамките на проектот: “„Младите од руралните средини – релевантни учесници во процесот на донесување јавни одлуки и креирање на одржливи земјоделски политики“ спроведуван од страна на Мрежата на млади фармери, преку Програмата за Граѓанско Општество и Медиуми (Civil Society Facility and Media Programme) на Европската Унија, преку Фондација Преда Плус во рамките на проектот: „Подобрување на активната вклученост на македонските граѓански организации во процесот на донесување на одлуки преку зајакнување на новоосновани граѓански организации” .

Целта на трибината е да се мотивираат младите да бидат што повеќе директно инволвирани во процесите на донесување на јавни одлуки и зголемување на нивната вклученост во граѓанскиот активизам.

На трибината беа присутни фармери од повеќе региони на Р.Македонија, преставници од други младински невладини организации, претставници од локална самоуправа, подрачни единици на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство-МЗШВ и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството -АПРЗ.

Како заклучок од трибината беше издвоено дека најпрво е потребно во руралните средини да се работи на подигнување на мотивацијата на младите и подобрување на нивните знаења за тоа што го работат. Здружени во силна и организирана организација младите да се охрабрат и поттикнат да аплицираат на ЕУ фондовите и насочат во успешно нивно реализирање. Правилното и навременото информирање за средствата што ги има од владините програми наменети за развој на младите и развој на руралните средини ќе им биде од голема корист и истите да дојдат во прави раце и да бидат правилно искористени. Сето тоа ќе придонесе кон намалување на иселувањето на младите од руралните средини во градовите и во насока кон подобрување на квалитет на живот во истите.

Total Page Visits: 620 - Today Page Visits: 2
Translate »