Проекти

Мрежата на млади фармери, с.Мешеишта, Дебарца, од 01.02.2018 година започна да го спроведува проектот„Младите од руралните средини – релевантни учесници во процесот на донесување јавни одлуки и креирање на одржливи земјоделски политики“ финансиран од Европската Унија, преку Фондација Преда Плус во рамките на проектот: „Подобрување на активната вклученост на македонските граѓански организации во процесот на донесување на одлуки преку зајакнување на новоосновани граѓански организации". Проектот ќе трае до 30.09.2018 година.

Општа цел : Мрежата на младите фармери клучен и препознатлив фактор во процесот на креирање и донесување на јавните одлуки во земјоделството на локално и национално ниво преку директна комуникација со младите фармери
Специфична цел 1: Младите од руралните средини преку неформален механизам вклучени во процесот на донесување на одлуки на локално ниво
Специфична цел 2:  Информирани и едуцирани млади од руралните средини за механизмите за остварување на нивните права во институциите на државата на локално и национално ниво
Специфична цел 3: Младите од руралните средини подготвени да дадат свој директен придонес за развој на агробизнисот и руралниот развој
Очекувани резултати:

  • Функционални локални младински земјоделски совети и национален младински земјоделски совет подготвени за следење и доставување на предлози за младинските прашања во секторот земјоделство.
  •  Зголемено знаење на младите од руралните средини за начините и механизмите за реализација на нивните демократски права и учество во процесот на донесување јавни одлуки 
  • Зголемена информираност за правата на младите во руралните средини во однос на нивната вклученост во процесот на донесување јавни одлуки на локално ниво
  • Предизвиците со кои се соочуваат младите во руралните средини презентирани пред релевантни институции и организации кои што можат да го поддржат нивното надминување
  • Младите од руралните средини - членови во Советот за земјоделство и рурален развој за остварување на долгорочно учество во креирање и донесување одлуки.

Здружение Мрежа на млади фармери-ММФ, с.Мешеишта, Дебарца