ПРОЕКТИ

TЕКОВНИ ПРОЕКТИ

Младите фармери – препознатливи и почитувани од јавноста

Период на имплементација: јуни-ноември 2020 година

Мрежата на млади фармери-ММФ во период од јуни до ноември 2020 година ќе го имплементира проектот” Младите фармери – препознатливи и почитувани од јавноста”. Проектот е дел од програмата” Одржливо граѓанско општество-државно финансирање на ГО” која ја спроведува МЦМС во партнерство со Балканската мрежа за развој на граѓанското општество(БЦСДН) и Центарот за информирање, соработка и развој на граѓанските организации(ЦНВОС) од Словенија, а е финансирана од Европска Унија.

Главна цел на проектот е да се воспостави систем за редовно транспарентно известување на јавноста и да се подобри внатрешната комуникација во мрежата

Со реализација на овај проект се очекува да се достигнат следните резултати:

  • Зголемена препознатливост на Мрежата на млади фармери (ММФ) во Македонија особено меѓу земјоделците
  • Зајакнати капацитетите на Националниот тим на мрежата за размена на информации со членството
  • Воведени пишани процедури за внатрешно управување на организацијата

Проектот е ре-грантиран во рамките на програмата “Одржливо граѓанско општество: државно финансирање на граѓански организации” коjа што jа спроведува Македонски центар за меѓународна соработка (МЦМС), со Балканската мрежа за развој на граѓанското општество (БЦСДН) и Центар за информирање, соработка и развој на граѓанските организации од Словенија (ЦНВОС), во периодот од 2018 до 2021 година, а финансирана од Европската Унија (ЕУ).

Проектот е финансиран од Европската Унија

Одржлива мрежа на млади фармери за ревитализација на земјоделството и руралните средини

Период на спроведување: jуни – ноември 2020

Цел на проектот e да се поттикне развој на капацитетите за управување и финансиско управување на Мрежата на млади фармери активна во руралните средини, со цел истата да стане клучен чинител која во иднина ќе го води развојниот процес на руралните средини.

Очекувани резултати :

  • подобрени знаења и вештини на членките во специфични области за изработка на извештаи и механизам за внатрешно известување ;
  • подобрени знаења и вештини на членките за финансиско управување во организацијата и финансиско известување ;
  • развој на систем за информирање и комуникација со членките и општата јавност преку изработен веб-информатор за годишните и планираните активности на ММФ ;
  • унапредено и подобрено работење на мрежата со запазени административни процедури.

Проектот e финансиран како под-грант во рамките на проектот „Градење на капцитетите на МРР и нејзините членки” спроведуван од Мрежата за Рурален Развоj, а финансиран од We Effect и Шведската агенција за меѓународна соработка за развој (Sida).

РЕАЛИЗИРАНИ ПРОЕКТИ

Мрежата на млади фармери-ММФ, с.Мешеишта, Дебарца во партнерство со менторската организација, Рурална Коалиција-Куманово од 01.08.2019 година започна со имплементација на проектот “Стратешкото делување на мрежата на млади фармери – клучен фактор кој што придонесува кон јакнење на позицијата на делување во земјоделството и руралниот развој”. Овај проект е финансиран од Европската Унија, поддржан од граѓанскиот ресурсен центар во рамки на програмата “Национален ресурсен центар за граѓански организации“ која ја спроведува Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медија Плус од Штип.

Цел на проектот е подобрување на внатрешните капацитети на Мрежата на млади фармери на стратешко ниво заради ефективно и одржливо делување на организацијата во локалната заедница.

Резултати кои се очекуваат од реализираниот проект се:

Р.1. Управувачките и извршните структури заедно со членовите активно вклучени во процесот на стратешко планирање и развој на Мрежата

Р.2. Јасно прецизирани и утврдени активностите на Мрежата на млади фармери за периодот 2020-2021 година Период на спроведување на активностите е 8 месеци, започнувајќи од 01.08.2019 година до 31.03.2020 година.

Мрежата на млади фармери, с.Мешеишта, Дебарца, од 01.02.2018 година започна да го спроведува проектот„Младите од руралните средини – релевантни учесници во процесот на донесување јавни одлуки и креирање на одржливи земјоделски политики“ финансиран од Европската Унија, преку Фондација Преда Плус во рамките на проектот: „Подобрување на активната вклученост на македонските граѓански организации во процесот на донесување на одлуки преку зајакнување на новоосновани граѓански организации”. Проектот ќе трае до 30.09.2018 година.

Општа цел : Мрежата на младите фармери клучен и препознатлив фактор во процесот на креирање и донесување на јавните одлуки во земјоделството на локално и национално ниво преку директна комуникација со младите фармери
Специфична цел 1: Младите од руралните средини преку неформален механизам вклучени во процесот на донесување на одлуки на локално ниво
Специфична цел 2: Информирани и едуцирани млади од руралните средини за механизмите за остварување на нивните права во институциите на државата на локално и национално ниво
Специфична цел 3: Младите од руралните средини подготвени да дадат свој директен придонес за развој на агробизнисот и руралниот развој
Очекувани резултати:

Функционални локални младински земјоделски совети и национален младински земјоделски совет подготвени за следење и доставување на предлози за младинските прашања во секторот земјоделство.
Зголемено знаење на младите од руралните средини за начините и механизмите за реализација на нивните демократски права и учество во процесот на донесување јавни одлуки
Зголемена информираност за правата на младите во руралните средини во однос на нивната вклученост во процесот на донесување јавни одлуки на локално ниво
Предизвиците со кои се соочуваат младите во руралните средини презентирани пред релевантни институции и организации кои што можат да го поддржат нивното надминување
Младите од руралните средини – членови во Советот за земјоделство и рурален развој за остварување на долгорочно учество во креирање и донесување одлуки.
Здружение Мрежа на млади фармери-ММФ, с.Мешеишта, Дебарца

Total Page Visits: 2788 - Today Page Visits: 1
Translate »