За нас

Мрежа на млади фармери

Мрежа на млади фармери, ММФ с.Мешеишта, Дебарца е доброволно, непартиско, невладино, непрофитно здружение на граѓани, кое е формирано врз основа на доброволна инцијатива на млади фармери на возраст до 40 години заради поголема вклученост на младите во донесувањето на одлуки и законски регулативи со цел да одговорат на предизвиците со кои се соочуваат во секојдневното работење.

Мрежа на млади фармери, ММФ с.Мешеишта, Дебарца е доброволно, непартиско, невладино, непрофитно здружение на граѓани, кое е формирано врз основа на доброволна инцијатива на млади фармери на возраст до 40 години заради поголема вклученост на младите во донесувањето на одлуки и законски регулативи со цел да одговорат на предизвиците со кои се соочуваат во секојдневното работење.

1. Како функционира

 Мрежата на млади фармери (ММФ) функционира околу десет години, од кои првите пет години своите активности ги реализираше како неформална група, a од 2012 година функционира како правно тело – Здружение на граѓани. ММФ делува како на локално така и на национално ниво има повеќе од 35 активни членови, волонтери.

Total Page Visits: 3132 - Today Page Visits: 3

2. Мисија

Мисијата на Мрежата на млади фармери е да ги развива лидерските и претприемачките вештини на младите фармери во Македонија, да поттикнува тимска работа и комуникација, да го подига интересот за земјоделството, и да дава придонес во неговиот развој, да спроведува активности за подобрување на квалитетот на живот и заштитата на животната средина.

Total Page Visits: 3132 - Today Page Visits: 3

3. Цел

Мрежата на Млади Фармери – ММФ има за цел да ги обедини земјоделците и руралното население во Република Македонија, во силна и препознатлива организација, која ќе ги штити нивните економски, социјални и културни интереси, ќе се залага за унапредување на можностите за развој на агро-бизнисот и рамномерен регионален развој на руралните подрачја во Република Македонија, и притоа ќе влијае врз  креирањето на политиките и стратегиите во државата со цел да обезбеди поквалитетен живот за граѓаните што ги застапува.

Нејзини цели се :
• Развој на програми и иницијативи кои придонесуваат младите фармери да бидат поинформирани и поедуцирани;
• Зголемување и зацврстување на улогата на младите фармери во: локалните здруженија и земјоделскиот сектор во целост;
• Промовирање на модерен и иновативен земјоделски сектор;

Total Page Visits: 3132 - Today Page Visits: 3

СТРАТЕГИСКИ ПЛАН 2020-2024

strategiski plan final-MMF

ММФ- активно работи во:

  1. Подобрување на квалитетот на живеење на луѓето во руралните средини во РМ;
  2. Организирање на обуки за земјоделците  за унапредување на нивните агро-бизниси;
  3.  Влијание на политиките на национално и локално ниво, со цел да се овозможи рамномерен регионален развој и еднакви можности за напредок на руралните средини;
  4. Застапување на интересите на членовите, следење на состојбите кои ја засегаат целната популација и известување за промените и последиците;
  5.  Активности и мерки за еколошко работење, био-енергија и енергетска ефикасност – следење на трендови, пренесување на информации до членството и подготовка и реализација на проекти од оваа област.
  6. Организирање на конференции, саеми, обуки, исложби и семинари;
  7.  Организирање на форуми и трибини со цел идентификување на потребите и проблемите кои се јавуваат во земјоделството, пазарот и сл.,
  8. Соработка со сродни домашни и странски организации,
  9. Покренување на иницијативи пред надлежнте органи и институции на локалната и државната власт, за остварување на целите на здружението.
Total Page Visits: 3132 - Today Page Visits: 3
Translate »