МЛАДИТЕ СЕ СЕ ПОМАЛКУ ГИ ИМА ВО СТРУМИЧКИТЕ СЕЛА

Во рамките на Проектот: „Младите од руралните средини – релевантни учесници во процесот на донесување јавни одлуки и креирање на одржливи земјоделски политики“ финансиран од Европската Унија, преку Фондација Преда Плус во рамките на проектот: „Подобрување на активната вклученост на македонските граѓански организации во процесот на донесување на одлуки преку зајакнување на новоосновани граѓански организации”, Мрежата на млади фармери (ММФ) организираше обука со младите од струмичко на тема “Застапување на младите во руралните средини”.

На самата работилница присутните се запознаа со процесите на застапување и лобирање како и со можноста преку нив да бидат вклучени во носењето на одлуки и давањето на предлози преку граѓански иницијативи како на локално така и на национално ниво.

Младите како најголем и многу важен проблем го потенцираа проблемот со замрениот раст на селата и проблемот со миграцијата на младите надвор од државава и немањето на желба да се занимаваат со земјоделство и занаетчиство во руралните средини.

Tags: