Мрежата на млади фармери, ММФ – цврста во знаењата и ресурсите, но недоволни за генерирање на доволно фондови и мотивациjа каj младите од руралните средини

Младите од руралните средини немаат мотивациjа и не сакаат да останат во руралните средини, но и не знаат кои се бенефитите од заедничко делување во заедницата во коjа живееме – беше главниот заклучок коj што произлезе од направената анализа на силните и слаби страни на Мрежата на млади фармери. Во исто време беше утврдено дека можностите ги има, но не се согледуваат доволно или пак Мрежата, како и другите организации кои што делуваат во секторот земjоделство и рурален развоj немаат доволно влиjание или капацитети за да ги согледаат, структурираат и претворат можностите во силни страни на организациjата.

Од друга страна самата Мрежа има потреба од утврдување на jасни насоки и правци за стратешки развоj и делување коj што ќе jа зацврсти Мрежата како организациски, така и структурно, а во исто време ќе овозможи зацврстување на позициjата на самата организациjа како во секторот земjоделство и рурален развоj, така и во општеството воопшто. Тоа е и еден од основните начини како Мрежата да ги совлада заканите кои што ги има од конкурентните организации, потоа од миграциjата на младите како во урбаните средини, така и надвор од државата, постоењето на се помалку структурни фондови кои што се фокусирани на поддршка на земjоделството и руралниот развоj итн.

Jасната визиjа, како и мисиjа чие што достигнување Мрежата ќе jа искачи на повисоко скалило од сопствениот развоj, како и jасно утврдените вредности, стратешки приоритети и цели ќе го насочи делувањето на организациjата во соработка со засегнатите страни кон унапредување на состоjбата со младите во руралните средини и нивна социjална и економска инклузиjа во општеството.

Она што е уште позначаjно, Мрежата на млади фармери ќе го гради и унапредува сопствениот стратешки развоj во директна соработка и под менторство на долгогодишниот соработник и партнер во броjни активности, Рурална Коалициjа, коjа што во овоj процес ќе jа има улогата на организациjа ментор.

Ваквиот линк на менторска организациjа, како што во случаjов е Рурална Коалициjа, и менторирана организациjа, Мрежата на млади фармери, е овозможено и финансиски поддржано од страна на Граѓанскиот ресурсен центар, а во рамките на проектот: Стратешкото делување на мрежата на млади фармери – клучен фактор кој што придонесува кон јакнење на позицијата на делување во земјоделството и руралниот развој.

По завршувањето на работниот дел од координативната средба за скенирање на реалната состоjба на Мрежата на млади фармери, беше потпишан и партнерскиот договор помеѓу двете организации со што и двете страни се обврзаа на отворена и транспарентна соработка, градење на меѓусебна доверба и взаемна поддршка на секое поле на заедничко делување.

Total Page Visits: 619 - Today Page Visits: 2
Translate »