Завршна конференција

На 30.10.2020 година Мрежата на млади фармери-ММФ во с.Црнилиште во Свети Николе одржа Завршнаконференција од проектот “Одржлива мрежа на млади фармери за ревитализација на земјоделството и руралните средини”. На конференцијата Мрежата пред своето членство ги презентира активностите и резултатите од проектот. Исто така се истакнаа активности кои би биле полезни за мрежата и би ја зајакнале нејзината одржливост.

Проектот е e финансиран како под-грант во рамките на проектот „Градење на капцитетите на МРР и нејзините членки” спроведуван од Мрежата за Рурален Развоj, а финансиран од We Effect и Шведската агенција за меѓународна соработка за развој (Сида).

Read more

ПОВИК ЗА АНГАЖМАН НА КОНСУЛТАНТ ЗА ИЗРАБОТКА НА ПРАВИЛНИЦИ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА МРЕЖАТА НА МЛАДИ ФАРМЕРИ (ММФ)

Услови и опис на работните задачи

Во рамките на проектот „Одржлива мрежа на млади фармери за ревитализација на земјоделството и руралните средини“, предвидени се активности за зајакнување на внатрешната структура на мрежата. Проектот е финансиран од Мрежата за рурален развој на Северна Македонија, со период на спроведување: 15 јуни 2020 г. – 15 ноември 2020 г.

Целта на проектот е да се поттикне развој на капацитетите за управување и финансиско управување на Мрежата на млади фармери, активна во руралните средини, за да стане клучен чинител која во иднина ќе го води развојниот процес во руралните средини.

За Мрежата на млади фармери (ММФ), с. Мешеишта, општина Дебрца

Мисијата на Мрежата на млади фармери е да ги развива лидерските и претприемачките вештини на младите фармери во Македонија, да поттикнува тимска работа и комуникација, да го подигне интересот за земјоделството, но и да дава придонес во неговиот развој, да спроведува активности за подобрување на квалитетот на живот и заштитата на животната средина.

Опис на работните задачи
       

Главната цел на ангажманот е да се воспостави развиена и ефикасна структура на Мрежата на млади фармери составена од здруженија-членки на локално ниво. Мрежата треба да изгради цврсти односи и добар пристап со своите засегнати чинители и да дејствува како силна алатка која ќе влијае врз донесувачите на одлуки од секторот рурален развој. Доброто и правилно работење на мрежата овозможува трансфер на нови знаења и вештини и поддршка при аплицирање за нови проекти, доколку членките и раководството се стабилни во својата работа. Сепак, во тековното работење идентификувани се неколку суштински проблеми кои се однесуваат на квалитетот и состојба на механизмите за управување и контрола на мрежата. Се издвојуваат следните:

– недостаток или непостојаност на човечки капацитети за управување и финансиско управување со мрежата: работата и ефикасноста на мрежата во многу зависи од вештините на раководството;

Недоволна координација помеѓу ММФ, МРР членките – треба да се зајакнат процедурите за координација помеѓу МРР и членките, и механизмите за добривање на навремена повратна информација од членките, за да се подобри ефективноста и ефикасноста во работењето, но и да се намали ризикот од дејствување што не е во согласност со приоритетите и принципите на дејствување на МРР или не ги застапува интересите на крајните корисници.

– Ограничени капацитети и искористеност на можности за програмска и финансиска одржливост на членките: одржливоста на нашата мрежа е сѐ уште предизвик и МРР треба да ги зајакне праксите, што би ја поддржале одржливоста на организациите-членки, вклучувајќи механизми за ефикасно споделување на информации, градење на капацитетите за искористување на фондови и други активности;

Поконкретно експертот ќе ги има следните задачи:

 – изработка на правилник за работа на националниот тим на мрежата

– изработка на правилник за внатрешна комуникација на мрежата

– изработка на правилник за членување во мрежата

      –  одржување повремени консултативни средби со проектниот тим при изработка на документите

Терминот планиран за ангажман на консултантот е 8 работни дена во периодот 30 јули 2020 г. – 30 август 2020 г.

 

Тип на договор и надоместок

Плаќањето ќе биде извршено после завршен ангажман.


Ангажманот ги вклучува следниве специфични обврски:

  • Подготовка на нацрт-план за активности
  • Подготовка на завршен извештај кој ги вклучува резултатите од консултантската задача.

Потребни квалификации

Консултантот треба да ги поседува следните квалификации и вештини:

  • Познавање и работен ангажман во невладиниот сектор, најмалку 3 години;
  • Искуство во користење на современи интерактивни методи и онлајн алатки;

 
Потребна документација


Понудата треба да го содржи следново:

  • Детална биографија (CV)
  • Писмо за интерес
  • Финансиска понуда изразена во денари

Критериуми за избор

Критериум за избор на консултантот се:

  • Цената на чинење: 60 бода
  • Експертиза за темата и претходно искуство во работа со здруженија на граѓани:  40 бода

 
Рок за пријавување

Апликациите треба да се достават најдоцна до 31 јули 2020год. на следната електронска адреса: [email protected]

Read more

Започнат процесот на стратешко планирање и утврдување на контурите на самиот стратешки план од Мрежата

Мрежата на млади фармери-ММФ заедно со партнер организацијата Рурална Коалиција-РК во рамките на проектот: Стратешкото делување на мрежата на млади фармери – клучен фактор кој што придонесува кон јакнење на позицијата на делување во земјоделството и руралниот развој, овозможено и финансиски поддржано од страна на Граѓанскиот ресурсен центар на 18 и 19 октомври одржа дводневна работилница во Штип. Управувачките структури и членството на Мрежата помогнато од менторската организација Рурална Коалиција два дена посветено работеа на  процесот за изработка на стратешкиот документ на Мрежата. Преку размената на искуства, знаења, споделување на информации и податоци помеѓу двете организации успешно се поставија почетоците на стратешкиот документ на ММФ.

Read more

Мрежата на млади фармери, ММФ – цврста во знаењата и ресурсите, но недоволни за генерирање на доволно фондови и мотивациjа каj младите од руралните средини

Младите од руралните средини немаат мотивациjа и не сакаат да останат во руралните средини, но и не знаат кои се бенефитите од заедничко делување во заедницата во коjа живееме – беше главниот заклучок коj што произлезе од направената анализа на силните и слаби страни на Мрежата на млади фармери. Во исто време беше утврдено дека можностите ги има, но не се согледуваат доволно или пак Мрежата, како и другите организации кои што делуваат во секторот земjоделство и рурален развоj немаат доволно влиjание или капацитети за да ги согледаат, структурираат и претворат можностите во силни страни на организациjата.

Од друга страна самата Мрежа има потреба од утврдување на jасни насоки и правци за стратешки развоj и делување коj што ќе jа зацврсти Мрежата како организациски, така и структурно, а во исто време ќе овозможи зацврстување на позициjата на самата организациjа како во секторот земjоделство и рурален развоj, така и во општеството воопшто. Тоа е и еден од основните начини како Мрежата да ги совлада заканите кои што ги има од конкурентните организации, потоа од миграциjата на младите како во урбаните средини, така и надвор од државата, постоењето на се помалку структурни фондови кои што се фокусирани на поддршка на земjоделството и руралниот развоj итн.

Jасната визиjа, како и мисиjа чие што достигнување Мрежата ќе jа искачи на повисоко скалило од сопствениот развоj, како и jасно утврдените вредности, стратешки приоритети и цели ќе го насочи делувањето на организациjата во соработка со засегнатите страни кон унапредување на состоjбата со младите во руралните средини и нивна социjална и економска инклузиjа во општеството.

Она што е уште позначаjно, Мрежата на млади фармери ќе го гради и унапредува сопствениот стратешки развоj во директна соработка и под менторство на долгогодишниот соработник и партнер во броjни активности, Рурална Коалициjа, коjа што во овоj процес ќе jа има улогата на организациjа ментор.

Ваквиот линк на менторска организациjа, како што во случаjов е Рурална Коалициjа, и менторирана организациjа, Мрежата на млади фармери, е овозможено и финансиски поддржано од страна на Граѓанскиот ресурсен центар, а во рамките на проектот: Стратешкото делување на мрежата на млади фармери – клучен фактор кој што придонесува кон јакнење на позицијата на делување во земјоделството и руралниот развој.

По завршувањето на работниот дел од координативната средба за скенирање на реалната состоjба на Мрежата на млади фармери, беше потпишан и партнерскиот договор помеѓу двете организации со што и двете страни се обврзаа на отворена и транспарентна соработка, градење на меѓусебна доверба и взаемна поддршка на секое поле на заедничко делување.

Read more

РЕАЛИЗИРАНА СТУДИСКА ПОСЕТА ВО СОЈУЗНА РЕПУБЛИКА ГЕРМАНИЈА

Мрежата на млади фармери-ММФ,с. Мешеишта, Дебарца во период од 28.01.2019 до 01.02.2019 заедно со уште тринаесет претставници од граѓанските организации, грантисти во програмата за мали грантови „Активирај“, беа на студиска посета во Германија. Сите учесници имаа можност да се запознаат со стандардите на ЕУ во однос на нивниот сектор на делување, како и да посетат организации на ЕУ. Беа споделени нови информации, практики како и нови идеи за идна соработка.

Студиската посета е во рамките на Проектот: „Младите од руралните средини – релевантни учесници во процесот на донесување јавни одлуки и креирање на одржливи земјоделски политики“ финансиран од Европската Унија, преку Фондација Преда Плус во рамките на проектот: „Подобрување на активната вклученост на македонските граѓански организации во процесот на донесување на одлуки преку зајакнување на новоосновани граѓански организации”.

За време на студиската посета, беа посетени следните организации и институции:

Read more
Translate »