ЗАЕДНИЧКИ НАСТАП НА МЛАДИТЕ ОД РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА СВОИТЕ ЦЕЛИ

Мрежата на млади фармери (ММФ) на 08.07.2018 година организира обука со младите од Св. Николе на тема “Застапување на младите во руралните средини” во рамките на Проектот: „Младите од руралните средини – релевантни учесници во процесот на донесување јавни одлуки и креирање на одржливи земјоделски политики“ финансиран од Европската Унија, преку Фондација Преда Плус во рамките на проектот: „Подобрување на активната вклученост на македонските граѓански организации во процесот на донесување на одлуки преку зајакнување на новоосновани граѓански организации”.

На самата средба присутните на обуката ја истакнаа потребата од поголем заеднички настап на младите од руралните средини преку кои ќе ги остваруваат своите права. Потребата да се вложат повеќе напори за поголема активност и видливост на младите во насока на остварување на одредени права и идентификување на проблемите на терен и секако вложување на напори за нивно решавање. Младите ја истакнаа потребата од поголема отвореност на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој кон нив како и поголема транспарентност на осигурителните компании.Младите фармери истакнаа дека се свесни за влијанијата на климатките промени врз земјоделското производство и дека трошоците за производство на земјоделските култури од година во година се се поголеми, меѓутоа младите не се финансиски моќни да ги заштитат посевите и затоа бараат повисока помош од институциите на системот.

Total Page Visits: 421 - Today Page Visits: 1
Translate »