ПОГОЛЕМА ТРАНСПАРЕНТНОСТ ПРИ РАСПРЕДЕЛБАТА НА ДРЖАВНОТО ЗЕМЈИШТЕ ПОБАРАА МЛАДИТЕ ОД СКОПСКИОТ РЕГИОН

Мрежата на млади фармери- ММФ, на 27.04.2018 година во Општина Зелениково ја оствари петтата средба од предвидените серија на средби за идентификување на проблемите и соочување со предизвиците на младите од руралните средини во секојдневното работење. Средбата е дел од активностите во рамките на Проектот: „Младите од руралните средини – релевантни учесници во процесот на донесување јавни одлуки и креирање на одржливи земјоделски политики“ финансиран од Европската Унија, преку Фондација Преда Плус, подгрант на проектот: „Подобрување на активната вклученост на македонските граѓански организации во процесот на донесување на одлуки преку зајакнување на новоосновани граѓански организации”.
Присутните ја истакнаа потребата на младите од посети на саеми во соседните земји каде повеќе е развиено земјоделството, на пример Р. Србија, сточарството е доста понапредно во споредба од кај нас. Кај нас младите дури и се срамат да кажат дека се занимаваат со земјоделство наместо да гледаат со гордост на тоа. За поголема мотивација кај младите се потребни позитивни примери и успешни приказни од развиени, современи фарми како би ги поттикнале младите да се занимаваат и осовременат своето производство. Од присутните беше ставен акцент на неконтролираната распределба на земјоделското земјиште и нејзина неискористеност. Побарана е поголема транспарентност на распределбата на земјоделското земјиште, увид во распределувањето на земјата, дали воопшто е дадена на земјоделци на кои навистина им е најнеопходна.

Total Page Visits: 505 - Today Page Visits: 3
Translate »