ОДРЖАНА ОБУКА ЗА ЗАСТАПУВАЊЕ И ЛОБИРАЊЕ НА МЛАДИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ ВО С. ГОЛЕМО КОЊАРИ

Мрежата на млади фармери-ММФ во рамките на Проектот: „Младите од руралните средини – релевантни учесници во процесот на донесување јавни одлуки и креирање на одржливи земјоделски политики“ финансиран од Европската Унија, преку Фондација Преда Плус, подгрант на проектот: „Подобрување на активната вклученост на македонските граѓански организации во процесот на донесување на одлуки преку зајакнување на новоосновани граѓански организации” ја одржа првата обука за лобирање и застапување на 27.05.2018 година во с.Големо Коњари – Прилепско. На обуката членовите на ММФ, се запознаа со начинот и можностите за нивно вклучување во процесот на донесување на одлуки на национално ниво. Присутните поблиску се запознаа со принципите на застапувањето, и неговото спроведување во пракса. Исто така на работилницата се дискутираше околу мерките кои ги нудат националните програми за поддршка на младите земјоделци. При оваа дискусија учесниците ги истакнаа своите предности и недостатоци во однос на овие програми:

  • Недостатокот од слободно земјоделско земјиште, високите кредитни камати, недостатокот на современи фарми кои ќе служат како пример, како и недостатокот на работна сила во земјоделството се само некои од проблемите на кои се задржавме во текот на самата средба.
  • Исто така како проблем кој се потенцира од средбата беше слабата организираност и здруженост на земјоделците, пред се поради непостоење на соработка и ниско ниво на доверба помеѓу самите земјоделци,
  • Како друг проблем кој што беше потенциран а го има често овој регион е манипулирањето од страна на откупните претпријатија во однос на цената, класата и исплатата на земјоделските производи.
Total Page Visits: 1695 - Today Page Visits: 1
Translate »