СРЕДБА СО МЛАДИТЕ ОД РУРАЛНИ СРЕДИНИ ВО СВ. НИКОЛЕ
На 28.03.2018 година, Мрежата на млади фармери оствари средба со младите од рурални средини во Св.Николе во рамките на Проектот: „Младите од руралните средини – релевантни учесници во процесот на донесување јавни одлуки и креирање на одржливи земјоделски политики“ финансиран од Европската Унија, преку Фондација Преда Плус во рамките на проектот: „Подобрување на активната вклученост на македонските граѓански организации во процесот на донесување на одлуки преку зајакнување на новоосновани граѓански организации”. Во првиот дел од средбата беше формиран локален младински земјоделски совет составен од млади земјоделци од руралните средини и негов претставник во националниот младински земјоделски совет. На вториот дел од средбата беа идентификувани проблемите со кои младите од руралните средини во Св. Николе се среќаваат во секојдневното работење.
Како поистакнати проблеми беа лошата инфраструктура, механизацијата е оштетена од лошите патишта кои водат до нивите и има потреба за изнаоѓање на алтернативни патишта до нивите. Голем дел од производителите се соочуваат со проблеми со пласманот, нестабилност на цените кои постојано се намалуваат и размислуваат да се откажат од постоечкото производство. Беше истакната и неискористеноста на мерката за осигурување на посевите, заради касно доаѓање на проценителите на местата. Земјоделците истакнаа дека имаат повеќе потреба од информирање за распределбата на субвенциите, за развојните програми од државата и стручни совети на терен.