ПОГОЛЕМА ТРАНСПАРЕНТНОСТ ПРИ РАСПРЕДЕЛБАТА НА ДРЖАВНОТО ЗЕМЈИШТЕ ПОБАРАА МЛАДИТЕ ОД СКОПСКИОТ РЕГИОН

Мрежата на млади фармери- ММФ, на 27.04.2018 година во Општина Зелениково ја оствари петтата средба од предвидените серија на средби за идентификување на проблемите и соочување со предизвиците на младите од руралните средини во секојдневното работење. Средбата е дел од активностите во рамките на Проектот: „Младите од руралните средини – релевантни учесници во процесот на донесување јавни одлуки и креирање на одржливи земјоделски политики“ финансиран од Европската Унија, преку Фондација Преда Плус, подгрант на проектот: „Подобрување на активната вклученост на македонските граѓански организации во процесот на донесување на одлуки преку зајакнување на новоосновани граѓански организации”.
Присутните ја истакнаа потребата на младите од посети на саеми во соседните земји каде повеќе е развиено земјоделството, на пример Р. Србија, сточарството е доста понапредно во споредба од кај нас. Кај нас младите дури и се срамат да кажат дека се занимаваат со земјоделство наместо да гледаат со гордост на тоа. За поголема мотивација кај младите се потребни позитивни примери и успешни приказни од развиени, современи фарми како би ги поттикнале младите да се занимаваат и осовременат своето производство. Од присутните беше ставен акцент на неконтролираната распределба на земјоделското земјиште и нејзина неискористеност. Побарана е поголема транспарентност на распределбата на земјоделското земјиште, увид во распределувањето на земјата, дали воопшто е дадена на земјоделци на кои навистина им е најнеопходна.

Read more

СПЕЦИЈАЛИЗИРАНО ПРОИЗВОДСТВО ЗА КОМПЛЕТНО РАЗВИЕНИ ПРОИЗВОДСТВЕНИ КАПАЦИТЕТИ

Мрежата на млади фармери –ММФ, на 27.04.2018 година оствари средба со младите од руралните средини во Гостивар, во рамките на Проектот: „Младите од руралните средини – релевантни учесници во процесот на донесување јавни одлуки и креирање на одржливи земјоделски политики“ . Главни проблеми кои беа истакнати од младите во овај регион се: несредени имотно правни односи, што претставува голем проблем и пречка за да ги пријават земјоделците посевите. Расцепкувањето на посевите како проблем беше разговаран и истакнато дека, фармерите со така расцепкани и раситнети посеви не можат да ги исполнат критериумите за аплицирање во развојните програми , посебно во ИПАРД програмата. Голем проблем претставува и недостик на работна сила, непостојаност на овчари така што не можат да ги пријават. Нема договорно производство, поголем дел од земјоделците се со мешано производство, ретко специјализирано, ако е специјализирано сметаат дека ќе биде подобро за комплетно да се развијат производствените капацитети и постојано да се инвестира во нивно осовременување.

Read more

СКАПО ПРОИЗВОДСТВО, А ЕФТИНА ПРОДАЖНА ЦЕНА НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ ПРОИЗВОДИ

Мрежата на млади фармери- ММФ на 25.04.2018 година, во Општина Кривогаштани ја одржа третата средба во рамките на Проектот: „Младите од руралните средини – релевантни учесници во процесот на донесување јавни одлуки и креирање на одржливи земјоделски политики“ финансиран од Европската Унија, преку Фондација Преда Плус во рамките на проектот: „Подобрување на активната вклученост на македонските граѓански организации во процесот на донесување на одлуки преку зајакнување на новоосновани граѓански организации”.
На средбата младите од руралните средини ги истакнаа дел од проблемите со кои се соочуваат во нивното работење. Скапото производство, а ефтина пазарна цена на земјоделски производи и несигурниот пласман беа истакнати како важни проблеми што ги обесхрабрува младите да се занимаваат со земјоделие и причина да се намали земјоделското производство. Климатските промени имаат големо влијаније врз количините и квалитетот на земјоделските производи како и на цената на крајниот производ. Младите наидуваат на проблеми со не постоење на стратегија за производство и дека повеќе од потребно е да се промовира окрупнувањето на земјоделците.

Read more
Translate »