Барање до Министерство за земјоделство

Мрежата на млади фармери-ММФ, достави Барање до Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Имено, ММФ бара од министерството да се овозможи член од ММФ да се вклучи во советот за земјоделство и рурален развој со што ќе се овозможи континуирано пренесување на проблемите и предизвиците со кои се сретнуваат младите од руралните средини во секојдневното работење. На овај начин навремено би се реагирало за заеднички изнаоѓање на правилни решенија. На средбата беше разгледано барањето кое го достави претседателот на ММФ, Сашо Крцоски од страна на заменик министер за земјоделство Благе Цветковиќ и шеф на кабинет на министерот за земјоделство Трајан Димковски.

Оваа активност е во рамките на Проектот: „Младите од руралните средини – релевантни учесници во процесот на донесување јавни одлуки и креирање на одржливи земјоделски политики“ финансиран од Европската Унија, преку Фондација Преда Плус.

Read more

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА МЛАД ФАРМЕР НА ГОДИНАТА

Мрежата на млади фармери (ММФ), с.Мешеишта, општина Дебрца во соработка со општина Св.Николе, со финансиска поддршка од Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство на 22.09.2018 година ја одржа манифестацијата ,,Ден на млад фармер во Р. Македонија,, на плоштадот Илинден во Свети Николе.

Настанот го отвори градоначалникот на општина Свети Николе, г-дин Сашо Велковски кој им даде голема поддршка на младите за идни соработки. На манифестацијата присуствуваше и министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, г-дин Љупчо Николовски, кој ја врачи и наградата за најдобар млад фармер на годината на Марио Петрев од с. Амзабегово.

Мрежата на млади фармери ја организира оваа манифестација за да помогне во промоцијата и анимирањето на младите земјоделци преку ваквите јавни настапи и пренесувањето на успешни приказни. На овој начин би се зајакнала свеста кај младите за потребата од нивно останување во руралните средини, наследување и развивање на агробизнисот. Мрежата на млади фармери ќе настојува оваа манифестација да премине во традиција како во овој, така и во другите региони од Р. Македонија.

Настанот изобилуваше со различни активности кои ги презентираат традициите и карактеристиките на руралното живеење во повеќе региони во Р.Македонија, преку презентација на народниот мелос и традиционалната храна.

Елеонора Велјаноска-Пероска – координатор на Мрежа на млади фармери-ММФ, с. Мешеишта, Дебрца


Read more
Translate »