Започнат процесот на стратешко планирање и утврдување на контурите на самиот стратешки план од Мрежата

Мрежата на млади фармери-ММФ заедно со партнер организацијата Рурална Коалиција-РК во рамките на проектот: Стратешкото делување на мрежата на млади фармери – клучен фактор кој што придонесува кон јакнење на позицијата на делување во земјоделството и руралниот развој, овозможено и финансиски поддржано од страна на Граѓанскиот ресурсен центар на 18 и 19 октомври одржа дводневна работилница во Штип. Управувачките структури и членството на Мрежата помогнато од менторската организација Рурална Коалиција два дена посветено работеа на  процесот за изработка на стратешкиот документ на Мрежата. Преку размената на искуства, знаења, споделување на информации и податоци помеѓу двете организации успешно се поставија почетоците на стратешкиот документ на ММФ.

Read more

Мрежата на млади фармери, ММФ – цврста во знаењата и ресурсите, но недоволни за генерирање на доволно фондови и мотивациjа каj младите од руралните средини

Младите од руралните средини немаат мотивациjа и не сакаат да останат во руралните средини, но и не знаат кои се бенефитите од заедничко делување во заедницата во коjа живееме – беше главниот заклучок коj што произлезе од направената анализа на силните и слаби страни на Мрежата на млади фармери. Во исто време беше утврдено дека можностите ги има, но не се согледуваат доволно или пак Мрежата, како и другите организации кои што делуваат во секторот земjоделство и рурален развоj немаат доволно влиjание или капацитети за да ги согледаат, структурираат и претворат можностите во силни страни на организациjата.

Од друга страна самата Мрежа има потреба од утврдување на jасни насоки и правци за стратешки развоj и делување коj што ќе jа зацврсти Мрежата како организациски, така и структурно, а во исто време ќе овозможи зацврстување на позициjата на самата организациjа како во секторот земjоделство и рурален развоj, така и во општеството воопшто. Тоа е и еден од основните начини како Мрежата да ги совлада заканите кои што ги има од конкурентните организации, потоа од миграциjата на младите како во урбаните средини, така и надвор од државата, постоењето на се помалку структурни фондови кои што се фокусирани на поддршка на земjоделството и руралниот развоj итн.

Jасната визиjа, како и мисиjа чие што достигнување Мрежата ќе jа искачи на повисоко скалило од сопствениот развоj, како и jасно утврдените вредности, стратешки приоритети и цели ќе го насочи делувањето на организациjата во соработка со засегнатите страни кон унапредување на состоjбата со младите во руралните средини и нивна социjална и економска инклузиjа во општеството.

Она што е уште позначаjно, Мрежата на млади фармери ќе го гради и унапредува сопствениот стратешки развоj во директна соработка и под менторство на долгогодишниот соработник и партнер во броjни активности, Рурална Коалициjа, коjа што во овоj процес ќе jа има улогата на организациjа ментор.

Ваквиот линк на менторска организациjа, како што во случаjов е Рурална Коалициjа, и менторирана организациjа, Мрежата на млади фармери, е овозможено и финансиски поддржано од страна на Граѓанскиот ресурсен центар, а во рамките на проектот: Стратешкото делување на мрежата на млади фармери – клучен фактор кој што придонесува кон јакнење на позицијата на делување во земјоделството и руралниот развој.

По завршувањето на работниот дел од координативната средба за скенирање на реалната состоjба на Мрежата на млади фармери, беше потпишан и партнерскиот договор помеѓу двете организации со што и двете страни се обврзаа на отворена и транспарентна соработка, градење на меѓусебна доверба и взаемна поддршка на секое поле на заедничко делување.

Read more

РЕАЛИЗИРАНА СТУДИСКА ПОСЕТА ВО СОЈУЗНА РЕПУБЛИКА ГЕРМАНИЈА

Мрежата на млади фармери-ММФ,с. Мешеишта, Дебарца во период од 28.01.2019 до 01.02.2019 заедно со уште тринаесет претставници од граѓанските организации, грантисти во програмата за мали грантови „Активирај“, беа на студиска посета во Германија. Сите учесници имаа можност да се запознаат со стандардите на ЕУ во однос на нивниот сектор на делување, како и да посетат организации на ЕУ. Беа споделени нови информации, практики како и нови идеи за идна соработка.

Студиската посета е во рамките на Проектот: „Младите од руралните средини – релевантни учесници во процесот на донесување јавни одлуки и креирање на одржливи земјоделски политики“ финансиран од Европската Унија, преку Фондација Преда Плус во рамките на проектот: „Подобрување на активната вклученост на македонските граѓански организации во процесот на донесување на одлуки преку зајакнување на новоосновани граѓански организации”.

За време на студиската посета, беа посетени следните организации и институции:

Read more