ПОВИК ЗА АНГАЖМАН НА КОНСУЛТАНТ ЗА ИЗРАБОТКА НА ПРАВИЛНИЦИ ЗА ПОТРЕБИТЕ НА МРЕЖАТА НА МЛАДИ ФАРМЕРИ (ММФ)
Услови и опис на работните задачи
Во рамките на проектот „Одржлива мрежа на млади фармери за ревитализација на земјоделството и руралните средини“, предвидени се активности за зајакнување на внатрешната структура на мрежата. Проектот е финансиран од Мрежата за рурален развој на Северна Македонија, со период на спроведување: 15 јуни 2020 г. – 15 ноември 2020 г.
Целта на проектот е да се поттикне развој на капацитетите за управување и финансиско управување на Мрежата на млади фармери, активна во руралните средини, за да стане клучен чинител која во иднина ќе го води развојниот процес во руралните средини.
За Мрежата на млади фармери (ММФ), с. Мешеишта, општина Дебрца
Мисијата на Мрежата на млади фармери е да ги развива лидерските и претприемачките вештини на младите фармери во Македонија, да поттикнува тимска работа и комуникација, да го подигне интересот за земјоделството, но и да дава придонес во неговиот развој, да спроведува активности за подобрување на квалитетот на живот и заштитата на животната средина.
Опис на работните задачи
Главната цел на ангажманот е да се воспостави развиена и ефикасна структура на Мрежата на млади фармери составена од здруженија-членки на локално ниво. Мрежата треба да изгради цврсти односи и добар пристап со своите засегнати чинители и да дејствува како силна алатка која ќе влијае врз донесувачите на одлуки од секторот рурален развој. Доброто и правилно работење на мрежата овозможува трансфер на нови знаења и вештини и поддршка при аплицирање за нови проекти, доколку членките и раководството се стабилни во својата работа. Сепак, во тековното работење идентификувани се неколку суштински проблеми кои се однесуваат на квалитетот и состојба на механизмите за управување и контрола на мрежата. Се издвојуваат следните:
– недостаток или непостојаност на човечки капацитети за управување и финансиско управување со мрежата: работата и ефикасноста на мрежата во многу зависи од вештините на раководството;
– Недоволна координација помеѓу ММФ, МРР членките – треба да се зајакнат процедурите за координација помеѓу МРР и членките, и механизмите за добривање на навремена повратна информација од членките, за да се подобри ефективноста и ефикасноста во работењето, но и да се намали ризикот од дејствување што не е во согласност со приоритетите и принципите на дејствување на МРР или не ги застапува интересите на крајните корисници.
– Ограничени капацитети и искористеност на можности за програмска и финансиска одржливост на членките: одржливоста на нашата мрежа е сѐ уште предизвик и МРР треба да ги зајакне праксите, што би ја поддржале одржливоста на организациите-членки, вклучувајќи механизми за ефикасно споделување на информации, градење на капацитетите за искористување на фондови и други активности;
Поконкретно експертот ќе ги има следните задачи:
– изработка на правилник за работа на националниот тим на мрежата
– изработка на правилник за внатрешна комуникација на мрежата
– изработка на правилник за членување во мрежата
– одржување повремени консултативни средби со проектниот тим при изработка на документите
Терминот планиран за ангажман на консултантот е 8 работни дена во периодот 30 јули 2020 г. – 30 август 2020 г.
Тип на договор и надоместок
Плаќањето ќе биде извршено после завршен ангажман.
Ангажманот ги вклучува следниве специфични обврски:
- Подготовка на нацрт-план за активности
- Подготовка на завршен извештај кој ги вклучува резултатите од консултантската задача.
Потребни квалификации
Консултантот треба да ги поседува следните квалификации и вештини:
- Познавање и работен ангажман во невладиниот сектор, најмалку 3 години;
- Искуство во користење на современи интерактивни методи и онлајн алатки;
Потребна документација
Понудата треба да го содржи следново:
- Детална биографија (CV)
- Писмо за интерес
- Финансиска понуда изразена во денари
Критериуми за избор
Критериум за избор на консултантот се:
- Цената на чинење: 60 бода
- Експертиза за темата и претходно искуство во работа со здруженија на граѓани: 40 бода
Рок за пријавување
Апликациите треба да се достават најдоцна до 31 јули 2020год. на следната електронска адреса: [email protected]