Мрежата на млади фармери-ММФ заедно со партнер организацијата Рурална Коалиција-РК во рамките на проектот: Стратешкото делување на мрежата на млади фармери – клучен фактор кој што придонесува кон јакнење на позицијата на делување во земјоделството и руралниот развој, овозможено и финансиски поддржано од страна на Граѓанскиот ресурсен центар на 18 и 19 октомври одржа дводневна работилница во Штип. Управувачките структури и членството на Мрежата помогнато од менторската организација Рурална Коалиција два дена посветено работеа на процесот за изработка на стратешкиот документ на Мрежата. Преку размената на искуства, знаења, споделување на информации и податоци помеѓу двете организации успешно се поставија почетоците на стратешкиот документ на ММФ.
Мрежата на млади фармери, ММФ – цврста во знаењата и ресурсите, но недоволни за генерирање на доволно фондови и мотивациjа каj младите од руралните средини
February 13, 2020 adminUncategorized, НастаниComments Off on Мрежата на млади фармери, ММФ – цврста во знаењата и ресурсите, но недоволни за генерирање на доволно фондови и мотивациjа каj младите од руралните средини
Младите од руралните средини немаат мотивациjа и
не сакаат да останат во руралните средини, но и не знаат кои се бенефитите од
заедничко делување во заедницата во коjа живееме – беше главниот заклучок коj
што произлезе од направената анализа на силните и слаби страни на Мрежата на
млади фармери. Во исто време беше утврдено дека можностите ги има, но не се
согледуваат доволно или пак Мрежата, како и другите организации кои што
делуваат во секторот земjоделство и рурален развоj немаат доволно влиjание или
капацитети за да ги согледаат, структурираат и претворат можностите во силни
страни на организациjата.
Од друга страна самата Мрежа има потреба од утврдување на jасни насоки и правци за стратешки развоj и делување коj што ќе jа зацврсти Мрежата како организациски, така и структурно, а во исто време ќе овозможи зацврстување на позициjата на самата организациjа како во секторот земjоделство и рурален развоj, така и во општеството воопшто. Тоа е и еден од основните начини како Мрежата да ги совлада заканите кои што ги има од конкурентните организации, потоа од миграциjата на младите како во урбаните средини, така и надвор од државата, постоењето на се помалку структурни фондови кои што се фокусирани на поддршка на земjоделството и руралниот развоj итн.
Jасната визиjа, како и мисиjа чие што
достигнување Мрежата ќе jа искачи на повисоко скалило од сопствениот развоj,
како и jасно утврдените вредности, стратешки приоритети и цели ќе го насочи
делувањето на организациjата во соработка со засегнатите страни кон
унапредување на состоjбата со младите во руралните средини и нивна социjална и
економска инклузиjа во општеството.
Она што е уште позначаjно, Мрежата на млади фармери ќе го гради и унапредува сопствениот стратешки развоj во директна соработка и под менторство на долгогодишниот соработник и партнер во броjни активности, Рурална Коалициjа, коjа што во овоj процес ќе jа има улогата на организациjа ментор.
Ваквиот линк на менторска организациjа, како што
во случаjов е Рурална Коалициjа, и менторирана организациjа, Мрежата на млади
фармери, е овозможено и финансиски поддржано од страна на Граѓанскиот ресурсен
центар, а во рамките на проектот: Стратешкото
делување на мрежата на млади фармери – клучен фактор кој што придонесува кон
јакнење на позицијата на делување во земјоделството и руралниот развој.
По завршувањето на работниот дел од
координативната средба за скенирање на реалната состоjба на Мрежата на млади
фармери, беше потпишан и партнерскиот договор помеѓу двете организации со што и
двете страни се обврзаа на отворена и транспарентна соработка, градење на меѓусебна
доверба и взаемна поддршка на секое поле на заедничко делување.
Мрежата на млади фармери-ММФ како грантист, учествуваше со свои претставници на завршната конференција во склоп на проектот „Подобрување на активната вклученост на македонските граѓански организации во процесот на донесување на одлуки преку зајакнување на новоосновани граѓански организации “. Проект поддржан од Европската унија, имплементиран од PREDA Plus Foundation и ASB Arbeiter-Samartier-Bund.
Завршната конференција се одржа на 28.05.2019, во ресторан Umbrella во Скопје. На конференцијата се презентираа активностите и резултатите од успешните приказни на 20 граѓански организации од програмата за мали грантови АКТИВИРАЈ. На настанот беа доделени сертификати на грантистите за учество во АКТИВИРАЈ, Програма за мали грантови. Пред самиот крај, конференцијата беше заокружена со потпишување на Меморандум за соработка.
Мрежата на млади фармери-ММФ,с. Мешеишта, Дебарца во период од 28.01.2019 до 01.02.2019 заедно со уште тринаесет претставници од граѓанските организации, грантисти во програмата за мали грантови „Активирај“, беа на студиска посета во Германија. Сите учесници имаа можност да се запознаат со стандардите на ЕУ во однос на нивниот сектор на делување, како и да посетат организации на ЕУ. Беа споделени нови информации, практики како и нови идеи за идна соработка.
Студиската посета е во рамките на Проектот: „Младите од руралните средини – релевантни учесници во процесот на донесување јавни одлуки и креирање на одржливи земјоделски политики“ финансиран од Европската Унија, преку Фондација Преда Плус во рамките на проектот: „Подобрување на активната вклученост на македонските граѓански организации во процесот на донесување на одлуки преку зајакнување на новоосновани граѓански организации”.
За време на студиската посета, беа посетени следните организации и институции:
Мрежата на млади фармери-ММФ, достави Барање до Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. Имено, ММФ бара од министерството да се овозможи член од ММФ да се вклучи во советот за земјоделство и рурален развој со што ќе се овозможи континуирано пренесување на проблемите и предизвиците со кои се сретнуваат младите од руралните средини во секојдневното работење. На овај начин навремено би се реагирало за заеднички изнаоѓање на правилни решенија. На средбата беше разгледано барањето кое го достави претседателот на ММФ, Сашо Крцоски од страна на заменик министер за земјоделство Благе Цветковиќ и шеф на кабинет на министерот за земјоделство Трајан Димковски.
Оваа активност е во рамките на Проектот: „Младите од руралните средини – релевантни учесници во процесот на донесување јавни одлуки и креирање на одржливи земјоделски политики“ финансиран од Европската Унија, преку Фондација Преда Плус.
Мрежата на млади фармери (ММФ), с.Мешеишта, општина Дебрца во соработка со општина Св.Николе, со финансиска поддршка од Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство на 22.09.2018 година ја одржа манифестацијата ,,Ден на млад фармер во Р. Македонија,, на плоштадот Илинден во Свети Николе.
Настанот го отвори градоначалникот на општина Свети Николе, г-дин Сашо Велковски кој им даде голема поддршка на младите за идни соработки. На манифестацијата присуствуваше и министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство, г-дин Љупчо Николовски, кој ја врачи и наградата за најдобар млад фармер на годината на Марио Петрев од с. Амзабегово.
Мрежата на млади фармери ја организира оваа манифестација за да помогне во промоцијата и анимирањето на младите земјоделци преку ваквите јавни настапи и пренесувањето на успешни приказни. На овој начин би се зајакнала свеста кај младите за потребата од нивно останување во руралните средини, наследување и развивање на агробизнисот. Мрежата на млади фармери ќе настојува оваа манифестација да премине во традиција како во овој, така и во другите региони од Р. Македонија.
Настанот изобилуваше со различни активности кои ги презентираат традициите и карактеристиките на руралното живеење во повеќе региони во Р.Македонија, преку презентација на народниот мелос и традиционалната храна.
Елеонора Велјаноска-Пероска – координатор на Мрежа на млади фармери-ММФ, с. Мешеишта, Дебрца
Здружението Мрежа на млади фармери, с.Мешеишта, Дебарца – ММФ, во соработка со својот партнер Рурална Коалиција-РК, Куманово, во Општина Свети Николе денес одржаа трибина на тема: : “ Руралните средини предизвик за младите?!”.
Оваа трибина е во рамките на проектот: “„Младите од руралните средини – релевантни учесници во процесот на донесување јавни одлуки и креирање на одржливи земјоделски политики“ спроведуван од страна на Мрежата на млади фармери, преку Програмата за Граѓанско Општество и Медиуми (Civil Society Facility and Media Programme) на Европската Унија, преку Фондација Преда Плус во рамките на проектот: „Подобрување на активната вклученост на македонските граѓански организации во процесот на донесување на одлуки преку зајакнување на новоосновани граѓански организации” .
Целта на трибината е да се мотивираат младите да бидат што повеќе директно инволвирани во процесите на донесување на јавни одлуки и зголемување на нивната вклученост во граѓанскиот активизам.
На трибината беа присутни фармери од повеќе региони на Р.Македонија, преставници од други младински невладини организации, претставници од локална самоуправа, подрачни единици на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство-МЗШВ и Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството -АПРЗ.
Како заклучок од трибината беше издвоено дека најпрво е потребно во руралните средини да се работи на подигнување на мотивацијата на младите и подобрување на нивните знаења за тоа што го работат. Здружени во силна и организирана организација младите да се охрабрат и поттикнат да аплицираат на ЕУ фондовите и насочат во успешно нивно реализирање. Правилното и навременото информирање за средствата што ги има од владините програми наменети за развој на младите и развој на руралните средини ќе им биде од голема корист и истите да дојдат во прави раце и да бидат правилно искористени. Сето тоа ќе придонесе кон намалување на иселувањето на младите од руралните средини во градовите и во насока кон подобрување на квалитет на живот во истите.
ПОГОЛЕМО ВЛОЖУВАЊЕ ВО ОПЛЕМЕНУВАЊЕ НА РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ ЗА НАМАЛЕНА МИГРАЦИЈА НА МЛАДИТЕ ВО УРБАНИТЕ СРЕДИНИ
July 8, 2018 adminНастаниComments Off on ПОГОЛЕМО ВЛОЖУВАЊЕ ВО ОПЛЕМЕНУВАЊЕ НА РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ ЗА НАМАЛЕНА МИГРАЦИЈА НА МЛАДИТЕ ВО УРБАНИТЕ СРЕДИНИ
Мрежата на млади фармери (ММФ) ја реализира четвртата обука со младите од гостиварско на тема “Застапување на младите во руралните средини” во рамките на Проектот: „Младите од руралните средини – релевантни учесници во процесот на донесување јавни одлуки и креирање на одржливи земјоделски политики“ финансиран од Европската Унија, преку Фондација Преда Плус во рамките на проектот: „Подобрување на активната вклученост на македонските граѓански организации во процесот на донесување на одлуки преку зајакнување на новоосновани граѓански организации”.
Младите од руралните средини од Гостивар имаа можност да ги запознаат процесите на застапување и лобирање како и можностите за покренување на младински иницијативи. Посебно интересот беше насочен кон можноста за нивно вклучување во креирањето и носењето на одлуки кои се од нивни интерес.
Непостоењето на интерес кај младите за занимавање со земјоделство е проблем кој беше истакнат и на оваа средба, поради ова се апелира да се изнајде решение и да им се даде поголем мотив на младите од руралните средини да се задржат и да се спрече миграцијата. Во оваа насока беше даден предлог да се селектираат најреалните кандидати за програмите, да биде реална селекцијата при АВРМ, ИПАРД, програмата за рурален развој, да се корегираат апликациите и да им се одобрува повеќе механизација, би ги охрабрило младите да имаат поголем интерес за развој во руралните средини.
Размислувањето на присутните е тоа дека младите би се задржале во руралните средини доколку се подобри нивниот квалитет на живот во истите. Тоа значи доколку се подобри инфраструктурата во руралните средини, доколку се издигне културата на повисоко ниво, да има театар, кино, градинки и подобрена едукација на младите, тие нема да имаат голем интерес да се иселат од руралните средини кои се со повисок квалитет на воздух, почва и вода, а со тоа и производство на поквалитетна храна.
Во рамките на Проектот: „Младите од руралните средини – релевантни учесници во процесот на донесување јавни одлуки и креирање на одржливи земјоделски политики“ финансиран од Европската Унија, преку Фондација Преда Плус во рамките на проектот: „Подобрување на активната вклученост на македонските граѓански организации во процесот на донесување на одлуки преку зајакнување на новоосновани граѓански организации”, Мрежата на млади фармери (ММФ) организираше обука со младите од струмичко на тема “Застапување на младите во руралните средини”.
На самата работилница присутните се запознаа со процесите на застапување и лобирање како и со можноста преку нив да бидат вклучени во носењето на одлуки и давањето на предлози преку граѓански иницијативи како на локално така и на национално ниво.
Младите како најголем и многу важен проблем го потенцираа проблемот со замрениот раст на селата и проблемот со миграцијата на младите надвор од државава и немањето на желба да се занимаваат со земјоделство и занаетчиство во руралните средини.
ЗАЕДНИЧКИ НАСТАП НА МЛАДИТЕ ОД РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА СВОИТЕ ЦЕЛИ
July 8, 2018 adminНастаниComments Off on ЗАЕДНИЧКИ НАСТАП НА МЛАДИТЕ ОД РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ ЗА ОСТВАРУВАЊЕ НА СВОИТЕ ЦЕЛИ
Мрежата на млади фармери (ММФ) на 08.07.2018 година организира обука со младите од Св. Николе на тема “Застапување на младите во руралните средини” во рамките на Проектот: „Младите од руралните средини – релевантни учесници во процесот на донесување јавни одлуки и креирање на одржливи земјоделски политики“ финансиран од Европската Унија, преку Фондација Преда Плус во рамките на проектот: „Подобрување на активната вклученост на македонските граѓански организации во процесот на донесување на одлуки преку зајакнување на новоосновани граѓански организации”.
На самата средба присутните на обуката ја истакнаа потребата од поголем заеднички настап на младите од руралните средини преку кои ќе ги остваруваат своите права. Потребата да се вложат повеќе напори за поголема активност и видливост на младите во насока на остварување на одредени права и идентификување на проблемите на терен и секако вложување на напори за нивно решавање. Младите ја истакнаа потребата од поголема отвореност на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој кон нив како и поголема транспарентност на осигурителните компании.Младите фармери истакнаа дека се свесни за влијанијата на климатките промени врз земјоделското производство и дека трошоците за производство на земјоделските култури од година во година се се поголеми, меѓутоа младите не се финансиски моќни да ги заштитат посевите и затоа бараат повисока помош од институциите на системот.